:asterFest_daY.bloGGing
„Бардо” освои две награди на „Астерфест”

„Златната потковица” ја доби британскиот филм „Откачување”, а наградата „Ѓорѓи Абаџиев” му припадна на „Пијано” од Ерменија

„Златната потковица” на 8. Интернационален филмски фестивал „Астерфест”, која се доделува за документарните филмови од програмата “Астердокс”, ја доби британскиот филм „Откачување” на Финлај Претсел и Адријан Мекдауел, чија откачена приказна го следи годишниот фризерски натпревар во еден шкотски затвор. „Сребрената потковица” отиде за холандскиот филм „Оние другите”, кој многу луцидно ни го открива “егзотичниот” свет на племето Мурси, виден низ очите на европските туристи. Режисерите на овој филм се двајца туристички работници Илја Кок и Вилјем Тимерс. Додека, третата награда, односно „Бронзената потковица” ја освои неверојатната ода за осаменоста, шведскиот филм „Клаес” на Мартина Карлштед.

Македонскиот режисер Владимир Блажевски и двајцата негови колеги, Срѓа Пенезиќ, режисер, писател и продуцент од Лос Анџелес и Александар Штиглиќ, режисер и експерт за анимација од Нови Сад, кои беа членови на годинешното жири, изјавија дека го преземаат целиот ризик определувајќи се за овие филмови, иако знаат дека некое друго жири би одлучило поинаку.

Македонскиот краток игран филм „Бардо” на Марија Апчевска, со кој се отвори фестивалот и кој пристигна во Струмица директно од Берлин, освои две награди. Жирито го прогласи овој филм за најдобар во програмата за кратки играни филмови “Глобална фикција”, а исто така, му припадна и наградата “Ацо Алексов” за најдобар млад македонски автор. А новововедената награда “Ѓорѓи Абаџиев” за најдобро сценарио отиде кај француско-ерменската копродукција “Пијано” на Левон Минасиан.

За најдобар анимиран филм беше прогласен полскиот “Изгубениот град Свитез” на Камил Полак, направен по една епска поема од 19 век. “Старозлатниот проектор” го доби потресната руска животна приказна на Рајнер Лудвигс “Приказната на Леонид”, која комбинира анимација и документарност, а Специјалната диплома му беше доделена на исклучителниот црногорски филм “Животот, приклученијата и одржливиот развој на еден петел” на Владимир Перовиќ. Во програмата “Мувиленд”, фокусирана на современите кратки филмови од Русија, наградата ја доби “Ќе го заборавам овој ден” на Алина Рудницкаја. (С.У.)

Изјава на Марија Апчевска, режисер на филмот “Бардо”

Гран при на “Астерфест“ за филмот “Откачување”

The international short film festival Asterfest 2012 offered strong and very interesting competition from all around the world. The jury comprised of Mr. Vladimir Blazhevski (Macedonian director, scriptwriter as well as laureate of Asterfest 2012), Srga Penezik (director, writer and producer from Los Angeles) and Mr. Aleksandar Shtiglik (Director and animation expert from Novi Sad) were given the extremely difficult task to choose the winners between films of equal quality. Being aware of the fact that a different jury would make different decisions, we took the risk to make the following ones:

The GRAND PRIX award – or GOLDEN HORSESHOE is awarded to the film CUTTING LOOSE, directed by Finlay Pretsell and Adrian McDowall from Great Britain.

The SILVER HORSESHOE is awarded to the film “FRAMING THE OTHER” directed by Ilja Kok and Willem Timmers  from Netherlands.

The BRONZE HORSESHOE is awarded to the film “CLAES” directed by  Martina Karlstedt from Sweden.

The  GOLDEN PROJECTOR is awarded to the film of  German- Ukrainian  co-production directed by Rainer Ludwigs “LEONID’s STORY”.

The film “TRIALS, TRIBULATIONS and the SUSTAINABLE GROWTH OF A COCK” directed by VLADIMIR PEROVIK from Montenegro receives The Special Jury Mention.

The award for BEST ANIMATION goes to the film “ THE LOST TOWN OF SWITEZ” directed by Kamil Polak from Poland.

Special Jury Mention is also presented to the film “INFIRMITY” directed by Yigit Pehlivan, Seckin Yalin, Fulya Tokaoglu and Dilan Sari from Turkey.

The award for BEST SHORT FICTION film goes to the film BARDO, directed by Maria Apchevska from Macedonia.

The award  Gjorgi Abadziev for BEST SCREENPLAY goes to the film PIANO directed by Leon Minasian in French- Armenian co-production.

The award for BEST Macedonian author – ACO ALEKSOV goes to the director Maria Apchevska for her film BARDO.

*

The decision of the special jury in the MOVIELAND program (short Russian film), comprised of prof. d-r Ferid Muhik, Aco Gogov and Vlatko Galevski:

We award the short documentary film I WILL FORGET THIS DAY for the surgical preciseness of the director Alina Rudnitskaya, who succeeded in detaching us from our indifference concerning a very dramatic moment of a woman’s life. And she did all that with the very simple- but at the same time extremely visual indication of the static takes and the dramatic moment when silence says it all.

:Филмот за племето Мурси ги засрами Европјаните

„Оние другите” е холандски филм на Илја Кок и Вилјем Тимерс, кој ја покажува обземеноста на европските туристи со егзотиката, заборавајќи дека и на другата страна станува збор за човечки судбини

Сунчица Уневска


На „Астерфест” публика има секогаш, па така е и оваа година, со оглед на тоа што проекциите на кратките и креативни документарни филмови започнаа уште првиот ден и тоа со маратон од 13 филма, а продолжија со несмален интензитет и за време на викендот. Но, она што е особено, е што на “Астерфест” секој ден пред проекциите се одржуваат средби со гостите и автори на филмовите, а кои се секогаш полни со млада публика. Филмовите, кои ги селектираат Астрид Бусинк и Омар Абу ел Руб, а кои се дојдени од сите страни на светот, овозможуваат навистина неверојатни средби и откритија, неверојатни приказни и настани. Овде ќе издвоиме само два филма и средбата со нивните автори, бидејќи станува збор за нешто навистина особено.

Првиот е филмот за племето Мурси од Јужна Етиопија, кој го направиле всушност двајца туристички работници, Илја Кок и Вилјем Тимерс, поттикнати од тие неверојатни средби на припадниците на племето и туристите, кои секогаш завршувале само со сликање, без интерес на ниедната страна за животот на другите. Филмот се вика “Оние другите” и открива нешто навистина фасцинантно, племе во кое жените си ги сечат долните усни и со текот на времето така ги растегнуваат што во нив ставаат украсни чинии и на тој начин, со таа нивна традиција се сликаат и заработуваат од странците. Авторите ја следат приказната за една холандска жена и една жена од племето, која единствена сакала да зборува. Филмот се претвора во неверојатна критика на нашиот евроцентризам, со кој не сме свесни на каков начин се однесуваме кон другите и како тие учат од животот, што треба да ни понудат за да заработат од нас и да можат да живеат. Многу впечатлива и трогателна приказна, која ве тера да се засрамите.

Втората приказна доаѓа од Црна Гора и во Струмица беше авторот и професор Владимир Перовиќ кој на многу интересен начин ни ја објасни приказната од филмот со чуден наслов, “Животот, приклученијата и одржливиот развој на еден петел”. Станува збор за еден традиционален настан во приморскиот град Пераст во Црна Гора, каде што секоја година се одбира петел за да учествува на еден посебен настан. А тој настан е славење на победата на Турците од пред 350 години. “Животот на животното, вели Владимир Перовиќ, може да биде одржлив се’ додека не се појави човекот.”

Во Струмица веќе пристигнаа македонските автори чии филмови ќе бидат прикажани во програмата “Мери Дионс”, а традиционално во неверојатната атмосфера во манастирот во Велјуса се одржа и средбата со годинешните лауреати, која исто така беше посебна по многу нешта.

АСТЕРФЕСТ 2012 ДЕН ТРЕТИ 27 МАЈ (НЕДЕЛА)

    Претпладнето, во 11 часот, во салата на Домот на АРМ во Струмица, со присуство на повеќе гости, филмски автори, актери, новинари, се одржа средба со господинот Марјан Даскаловски, претседател на Советот на општина Струмица. Во своето обраќање г. Даскаловски потенцира дека Астерфест е еден од најголемите фестивали во регионот. За жал, рече Даскаловски, лошите временски услови, обилните врнежи од дожд не дозволија да се одржат проекции во Амфитеатарот и на тој начин, некои од гостите кои се овде првпат, да имаат можност да се запознаат со овој, релативно нов, кинематички простор. Г. Даскаловски вети дека во иднина финансиската поддршка на општина Струмица на фестивалот ќе се зголеми. 

    Свое обраќање имаше и овогодишниот лауреат, актерот Славко Штимац, кој нагласи дека домаќините на фестивалот се многу љубезни, а организацијата е речиси беспрекорна. Во својата реч професорот Ферид Мухиќ направи една паралела со Аристотел, потсетувајќи на легендата дека античкиот философ, токму овде, во околината на Струмица, во Банско, дошол до својата идеја дека хармонијата и пропирцијата се најважни. Струмица како град и урбан простор, рече Мухиќ, се базира врз тој принцип на хармонија, но не само тоа: и Астерфест како фестивал - со домаќините кои се љубезни, но сепак не се наметливи и ви оставаат слободен простор - се потпира врз тој принцип на хармонија и пропорција. Членот на жирито во категоријата “Мувиленд”, филмскиот критичар Влатко Галевски, рече дека му било чест и задоволство да работи заедно со останатите членови на жирито, луѓе кои имаат знаење и свој став, со префинето чувство за филмот како естетски феномен. Свое обраќање имаа и: Христо Петрески, Омар Абу ел Руб, Горан Тренчовски. Искажувањата на македонски јазик беа преведувани на англиски јазик од преведувачката Зорица Палиќарова.

    Фестивалската програма продолжи во 16. 30 часот, на Малата сцена во НКУЦ Антон Панов, каде беа прикажани трите руски филма: Село, 1937, Честољубив. Останува во сеќавање филмот Село на авторите Ј. Скопина и Е. Косткин, по минуциозниот, префинет артистички израз; по уметничкото обликување на една чеховска атмосфера, во која зборовите звучат како тишина, додека брзиот ритам од кантри-музиката се сменува со бавниот ритам на руските народни песни. 

    Проекциите продолжија во 17. 45, кога беа прикажани филмовите: Аларм, Редак, Бегство во Пекинг, Роза Мојсовска. Следеше, во 19 часот, дискусија во фоајето пред Малата сала: авторите на прикажаните филмови и на оние кои допрва требаше да се прикажат, зборуваа за своите творечки искуства при создавањето на своите филмови. 

   Во 20.30 часот започна проекцијата на шест филма - анимираниот Изнемоштеност, кратките играни филмови: Пијано, Лост Спрингс 2, Епизодист, Во наши раце, Бело+Црно=Црвено. 

    Третиот фестивалски ден финишираше со проекцијата на филмот Панкот не е мртвов, во чест на овогодинешниот добитник на наградата Астер, режисерот Владимир Блажевски.

Ацо Гогов

АСТЕРФЕСТ 2012 ДЕН ВТОРИ 26 МАЈ (САБОТА)

  Вториот ден од Меѓународниот фестивал за краток филм Астерфест - 2012 г., започна, слично на традицијата воспоставена во минатите фестивалски години, со Астер портретите на овогодинешните добитници на наградите и со Тивериополските беседи, во манастирот Света Богородица Елеуса, во околината на селото Вељуса, на само неколку километри оддалеченост од Струмица. Во природно опкружување, веднаш до манастирското зеленило, под натстрешницата на манастирот, во ден кој наликуваше на есенски, со врнежи од дожд, во 11 часот започна претставувањето на наградените. Најпрвин филмската критичарка Сунчица Уневска, направи портрет на добитникот на наградата Астер, за врвни достигнувања во авторскиот филм, режисерот Владимир Блажевски. Овој автор, рече Уневска, отсекогаш бил поврзан, во филмската уметност, со она што е ново, слободно, бунтовно, авангардно. Неговиот филм Хај фај, снимен во 1978 година, стана обележје на една генерација, затекната среде лажните вредности на еден истрошен општествен систем. Филмот истовремено го постави прашањето за судирот на генерации, но го  актуализира и барањето на сопствен идентитет. Така беше и со филмот Булевар на револуцијата, кој го рефлектираше преминот од еден во друг општествен систем. Филмот Панкот не е мртов пак, значеше продолжување на неговиоттворечки витализам, манифестација на неговата отвореност кон новото и неистраженото. Во своето обраќање, кое беше своевидна еманација на луцидноста на овој уметник, со тивок но јасен и разбирлив глас, Блажевски рече дека како автор го интересираат неисценираните животни настани. Тие ми беа патоказ и при естетското структуирање на последниот филм. За мене како режисер, рече Блажевски, е важна концепцијата на мешање на документарното и фиктивното. Она што ми е авторска интенција, како што е тоа случај и во мојот последен филм, потенцира тој, е да се пронајде универзалното во она што е локално, партикуларно, егзотично. 

    Следеше обраќање на новинарката Евгенија Теодосиевска, која направи портрет на добитникот на Специјалното признание за високи достигнувања во филмската и ТВ уметност, актерот Славко Штимац. Мојот портрет ќе биде фактографски, потенцира таа, наведувајќи ги филмските почетоци на Штимац, со напомена дека зад овој актер стојат над 60 филмски и ТВ улоги. Славко Штимац ќе игра во филмовите на режисери како: Стипе Делиќ, Бранко Бауер, Слободан Шијан, Емир Кустурица, Сем Пекимпо; ќе настапува заедно со актери како: Неда Арнериќ, Мира Фурлан, Љубиша Самарџиќ и други. Овој актер, во своето обраќање нагласи дека имал 11 години кога го снимил првиот филм. Моето актерско кредо е, рече тој, во изведбата секогаш да се има точна емоција, на која публиката ќе и верува. Средбата во манастирот во Вељуса заврши со обраќањето на режисерот Горан Тренчовски, кој им се заблагодари на присутните за присуството.

    Фестивалската програма продолжи во 19 часот, кога во фоајето во НУКЦ Антон Панов се одржа дискусија, во која повеќе автори на документарни филмови, режисери, сценаристи, прозбореа за своите творечки искуства во документарниот жанр, објаснувајќи ја притоа својата поетика. Во 20.30 часот започна проекцијата на шест филма: Играта, Оние другите, Животот, приклученијата и одржливиот развој на еден петел, Клаес, Откачување.

    Програмата заврши со проекцијата во чест на актерот Славко Штимац, филмот Буик Ривиера, снимен по прозата на писателот на Миленко Јерговиќ; филм во кој Штимац настапува во главна улога; и филм кој ја раскажува трагичната, “новобалканска” приказна на туѓо тло, во САД - едно ментално соочување и преиспитување на двајца емигранти: битка на ноќта, поминување низ своевиден anagnori-sis (= препознавање) на сопственото, намачено битие.

Ацо Гогов

АСТЕРФЕСТ 2012 ДЕН ПРВИ 25 МАЈ (ПЕТОК)

Некаде во 19 часот, пред платото на Центарот за култура “Антон Панов” - Струмица, додека светлината на предвечерното небо во Струмица се мешаше со светлината од осветленото фоаје на истиот тој Центар за култура, полека се насобираа гостите на овогодинешното, осмо по ред, издание на Меѓународниот фестивал за краток филм Астерфест: актери, режисери, новинари, драмски автори, посетители…. Славко Штимац, црнокосото момче во карирана кошула од филмот Се сеќаваш ли, Доли Бел? - одговараше на прашањата на насобраните новинари, ист онаков, запаметен во некое минато време, со детски изглед и физиономија, помалку зачуден од глетката околу себе. За тоа време Ферид Мухиќ и писателот Христо Петрески евоцираа, во меѓусебниот разговор, сеќавања на Славковите филмови - момчето од филмовите Возот в снег, Волк самотник, беше тука, во Струмица, со поглед залутан накај градскиот часовник на плоштадот. 

    Точно во 19. 30 часот, во Големата сала на НУКЦ Антон Панов, преполнета од посетители, водителите и се обратија на публиката на македонски и англиски јазик. Беа најавени содржините на фестивалот, а беа назначени и локациите на овогодинешните проекции. Беше искажана посебна благодарност до финанските покровители на фестивалот, општина Струмица и Министерството за култура на Република Македонија, а посебно беше поздравен и духовниот покровител на Астерфест - митрополитот струмички, господин Наум. Потоа на присутните им се обрати градоначалникот на општина Струмица, г. Зоран Заев, кој им посака добредојде на сите посетители и гости. Господинот Заев му го врачи Специјалното признание за високи достигнувања во филмската и ТВ уметност - на овогодишниот добитник, актерот Славко Штимац. Потоа му беше врачена наградата Астер,  за врвни достигнувања во авторскиот филм, на Владимир Блажевски, кој го паметиме по режисерскиот потпис на важните филмови, како: Среќна Нова, Хај фај. Јас се надевам, рече Блажевски, дека оваа награда која ја добивам сега, не е од оние награди кои им се доделуваат на авторите кога тие треба да се тргнат настрана, да заминат во пензија, бидејќи јас имам намера уште да создавам. Кратко обраќање до публиката имаше и Астрид Бусинк, селекторот на документарните филмови на 8-миот Астерфест

    По отворањето на фестивалот беа прикажани две проекции: краткиот игран филм Бардо на Марија Апчевска и документарецот Приказната на Леонид на Рајнер Лудвигс, приказна за несреќата во Чернобил, видена од перспективата на едно руско семејство.

    По паузата, во 22 часот, продолжи фестивалската програма во Големата сала на НУКЦ Антон Панов со  повеќе проекции: Изгубениот град Свитез, Увертира, Помеѓу одлуките, Враќања, Супер, полно, Да не беше ти, Траги од светлина, Суперкарго, Патување, Снема гуми, Ќе го заборавам овој ден..….

Ацо Гогов